Здрав ручек готов за половина час: Тестенини со артичоки што ќе ве освојат со својата кремава текстура!

Добар апетит!

Овие тестенини со сос од артичоки се идеален оброк ако ви се најавиле ненадејни гости

Ако обожавате тестенини и немате многу време за приготвување ручек, овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

Ова јадење содржи и артичоки кои се богати со минерали и витамини, што е одлична причина за овие тестенини да станат дел од вашето мени.

Потребни состојки:
  • 250 грама тестенини по желба
  • 250 грама брокули
  • 2 лажички маслиново масло
  • 250 грама печурки
  • сол
  • бибер

За сосот од артичоки

  • 350 грама артичоки
  • половина шолја вода
  • 1 шолја маслиново масло
  • 10 свежи листови жалфија
  • 2 чешниња лук
  • половина лажичка сол
  • бибер
  • малку лимон

Приготвување:
  • Измијте ги брокулите, додајте маслиново масло, сол и бибер и потоа печете ги 15-тина минути на 250 Целзиусови.
  • Сварете ги тестенините во лонец.
  • Додека се варат тестенините, во големо тавче ставете малку маслиново масло, додајте печурки, посолете, зачинете со бибер и потоа испржете.
  • Потоа, почнете со приготвување на сосот.
  • Ставете ги артичоките во блендер, додајте вода, маслиново масло, жалфија, лук, сол и бибер.
  • Мешајте додека не добиете кремава смеса.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.