Врвен готвач ги открил триковите за најсовршено похувано пилешко: Сочно и крцкаво – се лепи за прсти!

Совети од експерти

Усвојте ги овие совети на врвни готвачи и уживајте во највкусното похувано пилешко

Похуваното пилешко на многумина им е едно од омилените јадења, а покрај одличниот вкус, неговата предност е тоа што брзо се приготвува.

Но за да испадне совршено, треба да се следат одредени чекори. Па така, готвачот Карл Кларк споделил трикови со кои се служат кулинарски експерти. Резултатот е крцкаво и сочно пилешко.

„Пред сè, внимавајте да купите квалитетно пилешко од локална месарница. Пилешките гради се најдобри за да приготвите меко пилешко месо“, изјавил Карл и открил како најдобро се приготвува пилешкото.

Најпрво, ставете го месото во солена вода за да биде добро зачинето.

„Во еден литар течност додајте 10 г сол и оставете го еден час. Во овој солен раствор, ставете го пилешкото. Внимавајте да не го пресолите или да не го оставите предолго во вода, бидејќи во спротивно може да стане жилаво. Наместо, вода користете матеница, за да биде пилешкото уште посочно“, советува Кларк.

По зачините следи брашното

„Отстранете го вишокот течност од пилешкото и ставете го пилешкото на друга чинија за да биде спремно за брашното. Можете да го користите кое било брашно. Некои луѓе го зачинуваат брашно, но доволно е да додадете малку сол и бибер. Зачините ги ставаме откако ќе го извадиме пилешкото од фритеза, но изборот е ваш“, открил тој.

Овој готвач советува откако ги ставите парчињата пилешко во садот со брашно, да се обидете што помалку да го допирате пилешкото, бидејќи така ќе биде повкусно.

Исто така, истресете го вишокот брашно да се згусне пред пржење.

Пржење на крај

Најлесно е да ги пржите во тавче, и тоа така што ќе сипете доволно масло загреано на 160 степени за да плива пилешкото и внимателно да го ставите месото за да не се изгорите. Пржете додека површината стане златна и крцкава.

Исечкајте едно парче за да тестирате дали е доволно пржено. Ако однатре е бело, тогаш пилешкото е готово. Во зависност од големината на парчињата, треба да се пржи околу 5, до седум минути, но внимавајте да не претерате, бидејќи месото на крај ќе ви излезе суво и жилаво, заклучува Кларк.

ПРОБАЈТЕ И: Похувано пилешко месо од рерна
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.