„Ѓаволски усни“: Најновиот тренд на убавина доаѓа од Русија – дали ви се допаѓа?

Дали мислевте дека ќе бидеме мирни барем некое време кога се во прашање бизарните трендови за убавина?! Па, не сте во право!

Овој пат, усните повторно се на „дневниот ред“. Сензуалните полни усни отсекогаш биле една од мерките за убавина, па затоа не е изненадувачки што многу жени ширум светот се одлучуваат за некои од третманите или естетските корекции што ги прават токму такви. Сепак, зошто „ѓаволските усни“ се најновиот хит за убавина, немаме објаснување.

Овој тренд е претежно популарен кај девојчињата од истокот, најмногу од Русија, кои ги корегираат усните така што рабовите наликуваат на бранови, водно животно, оган, па дури и на рогови.

„Ѓаволските усни“ или во некои кругови – „усни на октопод“ може да добиете со помош на големи количини на филери.

Вистина е и дека стандардите за убавина се менуваат секој ден, но она на што многумина се подготвени поради тоа полека почнува да се граничи со лудило. Промената на природниот облик на усните може да доведе до разни медицински компликации. Сепак, се чини дека ниту лекарите кои ги извршуваат овие постапки, ниту жените кои се предмет на овие трендови не се грижат премногу за тоа.

Експертот за нега на кожата, Нилам Холмс, го коментираше овој тренд: „Ова е навистина една од најлошите естетски / козметички процедури што сум ги видел“.

Многумина всушност не веруваат дека усните на ѓаволот навистина постојат, но дека тие се резултат на одличен Фотошоп. Точно, овие усни изгледаат неверојатно, но за жал се дел од реалноста.

Се чини дека многу жени имаат потреба да ги прилагодат карактеристиките на лицето на сите новини, без разлика дали се здрави, убави или неопходни. Ние исто така знаеме дека некои слични чудни трендови опстојуваат, иако на почетокот изгледаа повеќе од смешно или глупо. Се надеваме дека овој нема да биде еден од тие.

Па, што мислите за оваа естетска постапка?

https://www.instagram.com/p/B5-jeJdFikS/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B6IDYb4ixFA/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B5qHoVnnlEe/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: Еве зошто маската од глина не треба целосно да се исуши на вашето лице

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.