Сексуален терапевт го откри најчестиот проблем што го имаат паровите во кревет

Нан Вајз, сексуален терапевт и когнитивен научник, студирала секс од сите агли уште од 80-тите години на минатиот век.

Како терапевт чиј фокус е на сексот и сексуалните проблеми, таа забележа дека најчестиот проблем, со кој паровите се справуваат по првичната екстаза во врската, е проблемот на несовпаѓање на либидото и сексуалните желби. Она што доведува до овој проблем е тоа што луѓето на почетокот на врската, кога страстите се разгоруваат и се на највисоко ниво, не ги забележуваат разликите во желбите. Откако сексуалните желби ќе се намалат, паровите почнуваат да ги забележуваат овие разлики и тогаш се појавуваат проблеми. За да се избегнат проблемите создадени од несовпаѓање на либидото, д-р Вајз препорачува решавање на проблеми од повеќе насоки.

Како да се реши проблемот со несовпаѓање на сексуалните желби?

Пред сè, откријте што ве возбудува за да можете тоа да го приближите до вашиот партнер. Но, не заборавајте да истражувате и да ги барате желбите на вашиот партнер. Понекогаш паровите откриваат дека едниот од нив сака погруб секс додека другиот ужива во понежниот секс. За да најдете средно решение или да пробате некои нови работи, треба да имате отворена и искрена комуникација, во спротивно ќе се разладите едни од други. Не срамете се да кажете што сакате да чувствувате во сексот. Исто така, не заборавајте да бидете искрени кога станува збор за други прашања.

Понекогаш вашиот сексуален живот страда од тоа што не зборувате за некои други работи што ве мачат со вашиот партнер. На пример, постојаното оставање валкани садови и алишта може да резултира со лутина што на крајот ќе ве одврати од вашиот партнер дури и кога станува збор за интимност. И за крај, не заборавајте да го истражувате сопственото тело. Мастурбацијата е сосема нормална работа во врските и честопати е најдобриот начин да ги откриете сопствените желби.

Прочитајте и: Променете една работа и сексот ќе биде многу подобар!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.