Вкусот на Италија: Сендвич со капрезе и нане

Не губете многу време во кујна и уживајте во прошетките во природа!

Времето е топло, а брзите рецепти секогаш се добар избор

Инспирирана од една од најубавите италијански салати, Марија Кочовска од „Сè за храна“ ни го приготви овој вкусен сендвич. Посетете го нејзиниот инстаграм-профил @kocovska.marija за уште вакви летни оброци…

Состојки:
  • 1 француски багет
  • 150 г свежа моцарела
  • 2 лажици сос песто
  • 2 домати
  • свежо нане
  • путер по потреба
Приготвување:

1. Потребни состојки

2. Пресечете ги багетите на половина, а моцарелата и доматите на кругови

3. Премачкајте ги потпечените лепчиња со сос-песто, па наредете ја моцарелата

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.