Назад кон природата е напред кон поздрава и поубава кожа

Природните сапуни и креми на ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА се добиени од природни извори, кои се проверени и користени во исхраната и во медицината многу векови

Присуството на се повеќе хемикалии во  средствата за хигиена и храната комбинирани со модерното секојдневие и стресот се се поголем причинител на различни состојби на вашата кожа, почнувајќи од иритации, алергии па се до тешки заболувања.

Природните сапуни и креми на ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА се добиени од природни извори, кои се проверени и користени во исхраната и во медицината многу векови. Притоа, се користат мал број одбрани процеси кои не ги менуваат природните и корисните карактеристики на маслата. Природните козметички производи на ДАНИНИ ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА ги стимулираат и поддржуваат природните функции и процеси на кожата и не наметнуваат или предизвикуваат различни физиолошки процеси. За вас одбравме неколку од производите кои ни го привлекоа вниманието а повеќе можете да најдете на www.danini-cosmetics.com

Копривата е драгоцена билка која содржи многу флавоноиди, стероли, хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, фосфор, железо), витамин Ц и провитамин А. Освен во исхраната се користи и во козметиката, има антиинфламаторни и антибактериски својства и го инхибира растот на бактериите и воспалението на кожата. Го регулира себумот и ја зајакнува косата. Етерично масло Рузмарин го стимулира растот на косата и ја регенерира. И дава сјај на косата, помага при првут и го намалува нејзиното опаѓање и белење на косата. Етерично масло Еукалиптус е природен аналгетик, одлична ароматерапија за телото и зглобовите.

Сапунот со невен и мед делува антисептично и антибактериски и е ефикасен против различни воспалителни процеси и габични инфекции, ја тонира и ја чисти кожата.  Етеричното масло лаванда го регулира лачењето на себумот и спречува појава на акни. Лимоновата трева е антисептик и делува антибактериски. Се препорачува за сите видови кожа, осетлива, егземична, дехидрирана, кожа склона кон црвенило и испукување.

Зелената глина содржи многу минерални соли и олигоелементи кои поволно делуваат на проблематичната кожа. Се состои од ситни минерални честици кои длабински ја чистат кожата и ја прават чиста и мека. Активниот јаглен исто така длабински ја чисти кожата и помага во отстранување на акни и мозолчиња кај проблематичната и мрсна кожа. Етеричното масло од рузмарин делува седативно и ја релаксира и регенерира кожата, додека етеричното масло еукалиптус делува антисептично и дезинфециски, ја чисти кожата од акни и мозолчиња.

Минералните пигменти се производи добиени со преработка и прочистување на природни минерали. Сапунот со минерални пигменти го регулира лачењето на себумот и спречува појава на акни. Ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Овој сапун одговара за сите типови кожа. Без синтетички мириси, бои и адитиви.

Љубителите на кафе го обожаваат, неверојатна формула за длабинско чистење на кожата. Кафето како додаток во сапунот има пилинг ефект со што длабински ја чисти кожата, ја поттикнува циркулацијата на цело тело и одлично делува против целулит. Етеричното масло од рузмарин делува седативно и ја релаксира и регенерира кожата, додека етеричното масло еукалиптус делува антисептично и дезинфециски, кожата станува нежна и мека. Овој сапун одговара за сите типови кожа. Без синтетички мириси, бои и адитиви.

Регенеративната крема за лице на ДАНИНИ изработена од арганово, масло од јојоба и шеа путер и смил го хидрира,освежува и заштитува вашето лице.Смил е чудотворна билка која содржи висок процент на колаген кој не дозволува појава набрчки па затоа уште се нарекува и бесмртна.Ја подобрува микроциркулацијата на
кожата,делува антисептички и ревитализирачки.Французите ја нарекуваат “immortelle”(бесмртна) од која се добива едно од најскапите етерични масла во светот кое совекови се употребува за остранување на брчки,стрии и модрици.

Нарачки може да правите на следниов мејл: naracki@danini-cosmetics.com, а повеќе информации побарајте на нивниот профил на Фејсбук и на Инстаграм.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.