Вкусна вечера готова за миг: Ни пица не ѝ е рамна на оваа пита!

Ќе ја испразните тепсијата за секунда

Ви откриваме рецепт за пита што може да замени пица, а се приготвува многу едноставно

Пригответе вечера за само половина час со состојки што веќе ги имате дома. Ова може да биде одлична замена за пица.

Состојки:
  • 3 јајца
  • 2 дл јогурт
  • 80 мл масло
  • 2,5 чаши брашно тип 400
  • прашок за печиво
  • половина лажиче сол

За преливот:

  • ајвар, лутеница
  • оригано
  • кулен
  • шунка
  • лажица маслиново масло
Приготвување:

Изматете јајца, па додајте јогурт, масло, сол, брашно и прашок за печиво, па сето тоа убаво соединете го. Во друг сад измешајте ајвар, лутеница, оригано и масло. Подмачкајте тепсија и во неа сипете ја смесата од брашно. Одозгора премачкајте со смесата од ајвар, па додајте кашкавал, кулен и шунка. Печете на 200 степени, околу половина час.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.