Вака изгледа жена постара од 60 години која знае како да се облече: Блеска без шминка, а еве како ги крие недостатоците!

Жена за пример

Познатата актерка Шерон Стоун демонстирала како да се облечете совршено по 60-тата година

За неа не е комплимент кога ќе ѝ кажат дека изгледа како да има 40 години. Ѕвездата од „Основен инстинкт“ не сака да биде позната како жена чија убавина им пркоси на годините и не го дели мислењето дека убаво е само она што е младо.

Шерон Стоун е позната како некој што гордо ги носи своите години, а секогаш им била инспирација на жените, како на помладите така и на постарите. И покрај тоа што има 65 години, изгледа многу помладо, а според експертите, тоа се должи на пократката коса и интересните модни комбинации.

Позната е како некој што сака едноставни работи кога е негата во прашање, а истото правило го применува и кога одбира модни комбинации.

Американската актерка (65) била фотографирана при посета на пријатели во Лос Анџелес во комбинација што направила да изгледа многу отмено. Шерон облекла бел комбинезон, парче што повторно се врати во мода.

Комбинацијата ја надополнила со удобни, бели обувки и беж чанта, за да разбие монотонија. Актерката немала шминка на лицето, но и покрај тоа изгледала одлично. Носела очила за сонце, покрај кои не ѝ требала шминка, бидејќи тие ги покриле сите недостатоци.

Комбинацијата што ја одбрала Шерон е идеална за сите пригоди, за работа, прошетка, ручек…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.