„Тоа е само фантазија на расипан старец“: Ќе ви се слоши од трачот за Мик Џегер и неговата девојка

Дознајте повеќе

Постојат многу трачови за легендарниот лидер на „Ролингстоунс“, Мик Џегер

Приказната што се појавила во јавност без согласност на Мик Џегер и Мариен Фејтфул, сугерира дека тие забавувале пријатели во куќата на Кит Ричардс и дека учествувале во рокенрол стилот на живот, со доза на адреналинска сексуалност што ја исполнувала просторијата. Тие биле идоли во 1960-тите години, па јавноста, а и полицијата, го следеле секој чекор на кралот и кралицата на улицата „Карнаби“.

Во тоа време, јавноста била вљубена во Џегер, кој бил фронтмен на лудиот бенд The Rolling Stones. Во секој момент го прогонувале толпа девојки и момци. Но некое време, за Мик постоела само една жена, а тоа била Мариен Фејтфул. Омилената девојка од 196-тите била олицетворение на безгрижната младост и сексот без обврски, што на Мик одлично му одговарало.

Луѓето ги обожавале како двојка. Меѓутоа ситуацијата била поинаква кај полицијата, кои постојано ги следеле Џегер и другите негови колеги од бендот. Тој и Кит Ричардс често завршувале во притвор поради поседување наркотици.

Во февруари 1967 година, 19 полицајци започнале рација и го преплавиле домот на Ричардс, наоѓајќи ја групата во повеќе од компромитирачка позиција. Наводно, извештаите сугерираат дека прекинале оргија во која Џегер лижел чоколатце „Марс“, кое се наоѓало во вагината на Мариен.

Секако, сите засегнати ги демантирале овие озборувања, а Мариен во својата автобиографија ги опишала трачовите како „фантазија на валкан старец“. Вистината е дека полицијата не упаднала внатре, туку пристигнале со многу гласно тропање на вратата.

Присутните полицајци ја претресле куќата и си заминале.

Неколку месеци подоцна, Ричардс и Џегер се нашле на обвинителната клупа поради обвинувања за поседување дрога, па претходното озборување набрзо станало минато.

И покрај тоа, „Ролингстоунс“ продолжиле да важат за еден од најголемите бендови на планетата кои и денес, по 50 години, сè уште настапуваат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.