Вкусна и крцкава пита со готови кори и фил од компири

Брзо се приготвува, не е потреба значителна вештина, а за вкусот и да не дискутираме – пробајте ја и уверете се сами!

Состојки: 500 г кори за пита, 1-1,5 кг компири, 2 главици кромид, сол и црн пипер по вкус, малку кисела вода, масло по потреба.

Приготвување:

За фил: изрендајте го компирот, ситно исечкајте го кромидот, па испржете го во вреломасло, додајте го и компирот и пршете додека омекне, со постојано мешање. Зачинете  по вкус.

Одвојте ги корите, попрскајте ги со малку масло, па преклопете ги во триаголник.

По должина на долниот дел распоредете го филот и завиткајте во ролна.

Полнетата ролна завиткајте ја во круг. Повторете го истото со преостанатите кори.

Обложете го плехот за хартија за печење и наредете ги ролните.

Полжавчињата одкори редете и еден до друг, така што краевите да им се преклопуваат за да не се одвоткаат за време на печењето.

Премачкајте ја питата со мешавина од кисела вода и масло и печете ја на 200 степени додека зарумени.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.