Мусака од карфиол: Необичен ручек со посебен додаток кој веднаш ќе го засакате

Вакво нешто никогаш не сте пробале!

Ем вкусно, ем лесно за подготовка…

Сите сме навикнати да јадеме мусака од компири, се разбира, па дури и онаа од тиквички стана популарна, а ретко уживаме во вкусот на мусака направена од карфиол. Рецептот за ова исклучително вкусно, но необично јадење за кратко време ги освои социјалните мрежи.

Сите кои еднаш го подготвиле овој вид на мусака се чини дека никогаш повеќе на подготвиле мусака со компири.

Состојки:
1 килограм карфиол
400 грама мешано млелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лажица црвен пипер
2 јајца
1 чаша кисела павлака
1 чаша павлака за готвење
2 чаши млеко
200 грама рендан кашкавал
сол и бибер

Подготовка:
Карфиолот измијте го под млаз ладна вода, а потоа одвојте ги цветовите и сварете ги во солена вода. Кога ќе омекне карфиолот, процедете го и оставете го на страна.

Во тавче со масло продинстајте ги ситно исечканиот кромид и лук, па кога ќе омекнат додадете го месото зачините. Кога ќе се соединат, тргнете ја смесата од шпорет.

Огноотпорен сад во кој ќе ја печете мусаката намачкајте го со путер или масло за јадење. Карфиолот лесно изгмечете го со вилушка. Со едната половина покријте го дното од тавата, потоа нанесете ја смесата од меленото месо, а потоа покријте со останатиот дел од пасираниот карфиол.

Се пече на 180 степени околу половина час.

Додека муската од карфиол се пече, во сад изматете ги јајцата и додадете ја киселата и павлаката за готвење како и млекото. Откако мусаката ќе се запече, по околу 20 минути, прелијте ја со смесата од јајца и вратете ја тавата во рерна уште 20-30 минути.

Кога мусаката е готова, извадете ја од рерна и посипете ја со рендан кашкавал.

Добар апетит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.