Мусака со печурки: Уште повкусна од класичната мусака!

 Вкусот ќе ве воодушеви...

Традиционалната мусака е омилено јадење на многу луѓе и се навикнати на мусака со месо, но за оние кои не се љубители на месото имаме одличен рецепт. Со неколку состојки можете да направите вкусен и здрав оброк за целото семејство.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 350 гр шампињони
  • 1 голем кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 чаша пасирани домати (или сок од домати)
  • 2 лажици доматно пире
  • 2 лажици масло
  • сол и бибер по вкус
  • 1 лажица свеж сечкан магдонос

Подготовка:

Измијте ги и излупете ги компирите. Ставете ги во тенџере со вода, посолете и оставете да се варат на средна температура. Само внимавајте – не треба да бидат целосно сварени, туку половина бидејќи ќе се печат во рерна.
Измијте ги и исечете ги шампињоните. Излупете ги и ситно исечкајте ги кромидот и лукот.
Загрејте го маслото на средна топлина и пропржете го кромидот додека не стане проѕирен. Потоа додадете лук и печурки. Варете додека не испари речиси целата течност.
Додадете домати, суви зачини, сол и бибер. Оставете да врие неколку минути, па тргнете од шпоретот.
Исцедете ги компирите и исечете ги на кришки, како за класичната мусака.
Во подмачкана тава или огноотпорен сад наредете ред компири, па ред печурки. Повторете додека не се потрошат сите состојки.
Се пече во рерна загреана на 200 степени околу половина час.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.