Ова е првото нешто што треба да го направите штом ќе се разбудите: БУРЕК СО ЕУРОКРЕМ, кекс и вишни

Одлично печиво

Неговиот вкус дефинитивно ќе ве освои уште при првото залаче!

Состојки:
Прелив:
3 дл кисела вода
1 дл масло
1 ванилин шеќер
4 лажици павлака

Фил:
15 парчиња кори за пита
500 г еурокрем
150 г мелен кекс
400 г замрзнати вишни

Приготвување:

Подмачкајте тавче со дијаметар од 24 см. Ставете две цели кори, една врз друга.

Исечкајте 4 кори и ставете ги врз првите две кори, па прелијте со 1/4 од преливот (за преливот измешајте кисела вода, масло, ванилин шеќер и павлака).

Потоа премачкајте со 1/3 еурокрем, посипете со 1/3 мелен кекс и 1/3 вишни. Повторно ставете четири сечкани кори, па повторете ја целата постапка двапати, додека се потроши материјалот. Завршете со една цела кора.

Израмнете ги рабовите, премачкајте ги со остатокот од преливот и печете 150 минути на 180 степени.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.