Пијана торта со вишни – кралица на секој викенд-ручек

Кремаст, богат и вкусен – рецепт кој ќе стане дел од секоја ваша прослава.

Состојки:
КОРИ:
6 јајца
150 г шеќер
120 г брашно
40 г какао
1/2 кесичка прашок за печиво
120 мл млеко

ФИЛ:
700 мл млеко
2 кесички чоколаден пудинг
2 лажици гриз
1 ванилин шеќер
150 г шеќер
200 г маргарин
300 г вишни без семки
6 лажици ликер од вишни
100 г печени лешници
2 кесички шлаг-крем од чоколадо

Приготвување:
Изматете ги белките, а посебно и жолчките со шеќерот. Замешајте ги какаото, брашното и прашокот за печиво во жолчките, додавајќи малку млеко. На крај, замешајте ги и белките и испечете три кори од смесата.

Сварете го пудингот со млекото, шеќерот, ванилата и гризот, а кога ќе се излади, додајте го изматениот маргарин и смесата поделете ја на половина.

Во едниот дел ставете сечкани лешници, а во другиот вишни. Одделно изматете го шлагот. Првата кора посипете ја со вишни, намачкајте со тенок слој шлаг, па одозгора нанесете го филот од вишни.

Другата кора премачкајте ја со шлаг, па од таа страна ставете ја над филот со вишни. Повторно премачкајте ја кората со шлаг, филувајте ја со филот со лешници и повторете ја постапката. Оставете ја тортата да се излади и потоа премачкајте ја цела со преостанатиот шлаг.

 

Текст: Добра Храна

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.