Прсти да излижете! Орада по рецепт на Неда Украден (ВИДЕО)

Се приготвува за 20 минути, а тајната состојка ќе ве воодушеви.

Дамите ширум Балканот со години се прашуваат од што се состои исхраната на Неда Украден поради која таа изгледа толку добро и не се менува. Популарната пејачка пред неколку години целосно го исфрлила шеќерот од исхраната, лебсе труди да јаде само за појадок, а чинијата ѝ е претежно полна со салати и зеленчук.

Рибата отсекогаш ѝ била омилено јадење на музичката дива, која уште од мала научила да приготвува секакви риби, а особено ја сака орадата, која е готова за кратко време.

Ви го пренесуваме нејзиниот рецепт, кој најдобро сведочи за тоа каква всушност е исхраната на Неда Украден.

Состојки:

– 3 добро исчистени оради од по 300/400 г

– три чешниња лук

– шолја кафе маслиново масло

– 300 г компири

– 2 главици кромид

– сол, бибер

Приготвување:

Претходно исчистената риба ставете ја на поголемо парче фолија за печење и ставете ја во плехот.

Потоа потребно е да се премачка од двете страни со путер, а потоа да се пресече за да се направи простор за лук и маринадата.

Исчистете го и исечете го лукот на крупни парчиња, па додајте ги во рибата. Врз него наросете сечкан магдонос, рузмарин, бибер, сол, а потоа и маслиново масло. Кога ќе заврши приготвувањето сè убаво завиткајте во фолија и печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Рибата обично се служи со ладна салата од компир, која многу лесно се прави. Излупете ги и исечете ги компирите на коцки и ставете ги да се варат. Кога ќе омекнате, извадете ги од водата, преместете ги во друг сад и додајте парчиња сечкан кромид, маслиново масло и оцет по желба и на крај бибер и сол. Сè добро измешајте и оставете да се излади.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.