Вака приготвената боранија ќе ја засакаат и оние што не ја јаделе досега: Неодоливо вкусен ручек за целото семејство

Рецепт за најдобрата боранија

Ова е најдобрата боранија според мислењето на многу искусни домаќинки

Боранија е идеалниот ручек доколку сакате да ги симнете вишокот килограми, бидејќи е здрава, а покрај тоа, многу е вкусна! Иако постојат и такви кои не ја обожаваат, овој рецепт е неодолив и сè уште никој му нема најдено замерки! Задолжително испробајте го!

Состојки:
  • 1 кг боранија
  • 500 г свинско месо (бут, плешка или врат)
  • 2 моркова
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици масло
  • 2 лажички црвен пипер
  • 4 гранчиња магдонос
  • 2 лажици брашно
  • сол, бибер, толчена пиперка по вкус
Приготвување:

Исечкајте го месото на коцки, морковот на кругови и кромидот на коцки. Ставете ги во тенџере и додајте масло, сол и бибер. Промешајте и пропржете неколку минути, сипете вода и оставете месото да омекне. Одвреме-навреме погледнувајте дали зоврела водата, а доколку зоврела, сипете уште вода, за да не ви загори јадењето.

Додека месото се динста, исчистете ја боранијата, исечкајте ја и измијте ја. Кога месото убаво ќе омекне, додајте и боранија во тенџерето. Сипете вода и оставете ја да се готви. Ако се готви подолго (зависи од боранијата), долевајте вода.

Кога боранијата убаво ќе омекне, разматете 200 мл вода со две лажици брашно и едно лажиче црвен пипер, сипете го тоа преку боранијата, промешајте малку и гответе уште неколку минути.

Пробајте и додајте толчена пиперка и сечкан магдонос по вкус. Добар апетит!

2 начина на готвење боранија: Едното е јадење на лажица, а другото од рерна – и двете се совршени!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.