Светската ѕвезда Бијонсе ги изненадила своите фанови откако платила 100.000 долари за возовите во Мериленд да продолжат да возат час и нешто повеќе, за да можат нејзините фанови од концертот да се вратат во своите домови, бидејќи концертот поради невреме започнал со еден час задоцнување.
„Washington Metropolitan Area Transit Authority“ открил во соопштение за јавноста дека „Renaissance World Tour“ ја покрил сметката за дополнителна работа на возовите.
View this post on Instagram
Пејачката по протокол на сцена излегува во 21 часот, но во неделата доцнела поради големо невреме.
Иако дождот продолжил да врне, особено на крајот од концертот, тоа не ја спречило Бијонсе да пее пред илијадниците фанови.