Тестенини во крем-сос за 4 лица

За приготвување на овој вкусен ручек ќе ви бидат потреби 35 минути. Готовите тестенини се послужуваат веднаш по приготвувањето.

Состојки:

  • 1 поголема главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 г зрели домати
  • 200 мл доматен сок
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1/2 лажиче сушен босилек
  • 400 г тестенини
  • 40 г рендан пармезан
  • 1 полна лажица путер
  • 3 лажици масло за пржење

Приготвување:

Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, лукот се пасира, а доматите сосе лушпата се сечат на коцки.

На малку масло се пржи црвениот кромид, да стане стаклест, а потоа се додаваат доматите и лукот. Потоа се динста на умерена температура во сопствениот сок додека омекнат доматите.

Смесата се миксира со миксер или во блендер, се сипуваат сокот од домати и павлаката за готвење, се додаваат босилек и зачини по желба, па се вари додека зоврие.

Се додаваат тестенините и се вари со постојано мешање, додека набабри. Во текот на готвењето по потреба се сипува малку вода.

Во готовите тестенини се става путер и се меша да се растопи. Се посипува сето тоа со пармезан и се послужува.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.