Шпанско пилешко и грчки тиквички: Јадење на кое никој не може да му одолее!

Пробајте!

Пробајте малку поинакви вкусови и мириси – збогатете го вашето мени

Состојки:
  • 500 г пилешко месо
  • 2 супени лажици брашно
  • 1 лажиче чадена пиперка
  • 1 лажиче оригано
  • сол
  • бибер
  • 2 пиперки
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 50 г суви сливи
  • 5 маслинки
  • 50 мл вино
  • 100 мл бујон

За грчките тиквички:

  • 1 тиквичка
  • 1 лажиче лук во прав
  • 1 лажиче оригано
  • 1 лажиче рузмарин
  • 1 лажиче цимет
  • сол
  • фета-сирење
Приготвување:

Измешајте брашно, чадена пиперка, оригано, сол и бибер, па извалајте го пилешкото во смесата и пржете го додека добие боја. Тргнете го месото и на маслото ставете пиперки исечени на ленти и кромид.

Додајте лук, суви сливи, маслинки, црвено или бело вино, пилешки бујон или која било супа. Вратете го месото, поклопете и загревајте го 20-30 минути.

За мешавината од зачини што ќе оди врз тиквичките помешајте сол, бибер, рузмарин, оригано, лук во прав и цимет.

Исечете ги тивкичките, премачкајте ги со маслиново масло и посипете зачини одозгора. Пропржете ги во тавче. На крај, посипете рендана фета.

Полнети тиквички на италијански начин: Летен специјалитет, готов за половина час!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.