Полнети тиквички на италијански начин: Летен специјалитет, готов за половина час!

Лесно летно јадење

Божествена летна комбинација на состојки и многу лесна подготовка – ова јадење ќе ви стане омилено

Состојки:
  • 2 големи тиквички
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1/2 помал кромид
  • 2 домати
  • 100 г пармезан
  • исечкан босилек
  • сол, бибер по вкус
Приготвување:

Пресечете ги тиквичките во должина и издлабете ја средината. Ситно исечкајте ги остатоците.

Во тавче загрејте маслиново масло. Ставете исечкан кромид и пржете неколку минути додека омекне. Додајте го месото од тиквичките, исечкан домат, исечкан босилек, сол и бибер. Пржењето треба да трае околу пет минути со мешање.

Тиквичките наредете ги во огноотпорен сад и печете ги 6-7 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови.

Извадете ги од рерна и наполнете ги со филот. Посипете тенок слој изрендан пармезан и вратете ги во рерна уште 10-15 минути, додека почнат да се создаваат меурчиња.

Добар апетит!

Потпечени тиквички со сирење: Оброк прсти да излижеш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.