5 корисни профили на Инстаграм кои мора да ги следите ако обожавате растенија
Украсете го домот
Ако веќе долго време сте домашен ботаничар или сте ги слушале препораките на експертите за време на изолацијата и се фокусиравте на нови хоби во животот, а грижата за растенијата е едно од нив, ова е вистинското место за вас.
Инстаграм се чини дека стана заедница која поттикнува внатрешен мир, поддршка и позитивност. Оние кои секако припаѓаат на оваа категорија се исто така одлични познавачи на природата и љубители на растенијата кои го споделуваат своето знаење и љубов со своите придружници. Значи, ако едноставно сте обожаватели на зеленилото или ви требаат совети како да се грижите за своите нови зелени пријатели, погледнете ги овие пет профили на Инстаграм кои ќе ве воодушеват.
1. sweetyoxalis
https://www.instagram.com/p/B_HNxJyFs6V/?utm_source=ig_embed
Оваа париска продавница за идеи е навистина страсна кога станува збор за растенијата. Покрај тоа што ќе видите убави фотографии од растенија, ќе добиете и бројни совети како да се грижите за нив.
2. botanicalsandbillie
https://www.instagram.com/p/BzVaKe0oV_R/?utm_source=ig_embed
Ана, сопственик на профилот, живее во Барселона и е многу успешна во намерата да го претвори својот дом и профилот на Инстаграм во урбана џунгла. Сигурни сме дека ќе добиете идеи за тоа како да го уредите просторот откако ќе погледнете на овој профил.
3. boyswithplants
https://www.instagram.com/p/CBVm_8hgbTs/?utm_source=ig_embed
Згодни момци и растенија го украсуваат овој профил кој е полн со фотографии од растенија и момци кои ги обожаваат. Нема филозофија, тие се толку популарни што дури објавија книга со најпопуларните фотографии.
4. botanicalwomen
https://www.instagram.com/p/CBBEiwtlr4B/?utm_source=ig_embed
Еквивалентно на претходниот профил, креиран е хаштагот #botanicalwomen, под кој можете да најдете прекрасни жени со растенија кои сигурно ќе послужат како инспирација за да купите нови.
5. tropicaloco
https://www.instagram.com/p/Bv-_LfMByBv/?utm_source=ig_embed
Наш личен фаворит кога станува збор за дизајн со растенија е токму овој профил што покажува кое растение може да оди во какви климатски услови, сето тоа на многу шик и модерен начин.
Прочитајте и: Овие растенија најдобро го чистат воздухот во домот
ФОТО: Pexels, Instagram