Ручек за денес: Печени плескавици од тиквички – совршен оброк за 100 денари, без пржење во длабоко масло!

Пробајте!

Оброк што ќе ве засити и воодушеви со вкусот

Тиквичките се во сезона и се на располагање за разни кулинарски игри. Но ако ви досадило да ги похувате на класичен начин, да ги динстате или да додавате сосови за тестенини или ориз, или пак, да ги полните со мелено месо – имаме нова идеја!

Пригответе ги највкусните плескавици од тиквички, а најдоброто од сé, за приготвување ќе ви требаат само неколку состојки, што нема да ве чинат повеќе од 100 денари!

Состојки:
  • 2 тиквички
  • 1 јајце
  • 75 г брашно
  • сол и бибер по желба
  • 2 лажици маслиново масло
Приготвување:

Измијте ги тиквичките, изрендајте ги, посолете ги и ставете ги во цедалка околу десет минути. Истиснете го вишокот вода и префрлете ги тиквичките во поголем сад. Измешајте ги изренданите тиквички со јајце, брашно, сол и бибер и формирајте плескавици.

На врело тавче со малку масло, испечете ги плескавиците од двете страни додека добијат златнокафена боја. Послужете ги со малку павлака и сезонска салата по желба.

Добар апетит!

Напомена: Во тестото можете да додадете и сечкан праз – вкусот ќе биде феноменален!

Галетите од тиквички се совршениот пролетен оброк: Сочни, здрави и превкусни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.