6 знаци што откриваат дека сте среќен човек: Блазе си ви, ако се пронајдете!

Научно докажано

Фото: Unsplash

Среќата не може да се измери, но научниците некако успеаја да нé уверат

Врз основа на експерименти и истражувања, научниците откриле некои мали работи што никогаш не би претпоставиле дека се знак за среќен човек.

Ова се шесте знаци што може да укажуваат дека сте посреќни одошто навистина мислите…

1. Секогаш доцните

Луѓето што секогаш доцнат се посреќни, па дури и подолго живеат. Оние што доцнат, обично се попозитивни во поглед на менаџирање со времето. Тие мислат дека можат да направат илјада работи за краток временски период, но, всушност, доцнат. Оние што доцнат, исто така, се посмирени и не паничат во критични ситуации.

2. Рано се будите

Се покажало дека ранобудниците се најсреќни. Истражувачите ги споредиле ранобудниците и ноќните птици и откриле дека вторите се помалку задоволни од својот живот и имаат повеќе психички нарушувања. Оние што рано се будат, генерално, имаат генетска предиспозиција што ги потиснува депресијата и хроничните болести.

3. Имате сестра

Сестрите поттикнуваат поотворена комуникација во семејството, што доведува до подобро емоционално изразување. Главната причина веројатно е тоа што на девојчињата им е полесно да зборуваат за емоциите одошто на момчињата. Освен тоа, сестрите ги подобруваат вашите социјални вештини, а момчињата подобро комуницираат со девојчињата.

4. Работите како цвеќар/ка или градинар/ка

Интересно е што цвеќарите и градинарите се најсреќни со својата професија. Дури ни престижните и добро платени работи не ја даваат истата количина на среќа. На пример, најмалку среќни работници биле административните и информатичките работници, како и банкарите.

5. Живеете во Финска

Решението за одржлив развој на Обединетите нации пишува годишен извештај во кој се оценува среќата на секоја земја. Меѓу најважните фактори се очекуваниот животен век и социјалната поддршка. Интересно, Финска е прогласена за најсреќна држава, а таму задоволството од животот е најголемо.

6. Јадете многу овошје и зеленчук

Истражувањата откриле дека испитаниците што ја зголемиле консумацијата на овошје и зеленчук од 3-4 порции на 8 порции дневно, биле посреќни за разлика од претходно. Количината на среќа што ја добиле била еднаква на онаа што се доживува при наоѓањето нова работа.

Ова е најголемата грешка што ви ја блокира среќата: Еве што треба да направите за да го промените животот од корен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.