Ручек за денес: Гурмански полнети пиперки!

Превкусно!

Испробајте го ова ново интересно јадење

Состојки:
  • 6 половинки од црвени печени пиперки
  • 250 г сирење
  • 2 јајца
  • 2 лажици препржен сусам
  • 2 лажици гриз
  • малку лист од магдонос
  • малку мелен бибер
  • 4 чешниња лук, издробен
  • 100 г сечкана шунка
  • малку сечкана сланина
Приготвување:

Издробете го сирењето со виљушка и додајте јајца, сусам, гриз, лист од магдонос, мелен бибер по желба, лук, сечкана шунка и сето тоа измешајте го.

Пресечете ги пиперките на половина по должина и наредете ги во подмачкан плех. На пиперките распоредете го полнежот, а одозгора распоредете ситно сечкана сланина. Печете ги околу 30 минути на 220 степени.

Унгарски готвачи го откриле тајниот рецепт за највкусните полнети пиперки: Не се додава вода, туку се готват на овој начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.