Прсти да излижете: Тестенини со топчиња од мелено месо

Од кујната на Давор Панчевски

Вашите домашни ќе ги обожаваат овие тестенини!

Давор Панчевски секогаш ги исполнува нашите очекувања за вкусен оброк. Побарајте уште вакви рецепти на неговиот инстаграм-профил @daveskitchenofficial, а денес пробајте ги неговите тестенини со топчиња од мелено месо.

Состојки:

За топчињата од мелено месо

  • 250 г мелено месо
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • ½ главица кромид, ситно исечкан
  • 1 лажиче сенф
  • 1 лажиче кечап
  • 1 чешне лук, ситно исечкан
  • 4 лажици лебни трошки

За остатокот од јадењето

  • 150 г грашок од конзерва
  • 1 морков, исечкан на ленти
  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажиче оригано
  • 300 г сварени мини-макарони ал денте
  • свежо исечкан магдонос за декорација
Приготвување:

1. Пропржете ги топчињата од мелено месо на малку масло

2. Додајте ги грашокот и морковот исечкан на ленти

3. Зачинете со оригано, сол и црн пипер и додајте доматен сос

4. Додајте ги сварените мини-макарони и гответе уште 5 минути

Добар апетит и забавно готвење!

Не пропуштајте да ги пробате рецептите и во најновиот празничен број на магазинот „Добра храна“!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.