Вкусна еуфорија: Во продажба е празничниот број на „Добра храна“

Сити и вити!

Погледнете што се’ ќе читате во најновиот број на магазинот „Добра храна“…

Го обожаваме овој период од годината! Ретко кој не се радува на новогодишниот пречек и на божиќните празници. Покрај тоа што конечно можеме да одмориме во топла домашна атмосфера со најблиските или, пак, да појдеме на зимска снежна авантура во природа, се радуваме и на многуте вкусни јадења карактеристични за овие месеци.

Нашите гастро-мајстори приготвија прекрасна празнична трпеза за вас.

Збогатете ја и со рецептот од насловната страница, ремек-дело на Теодора Георгиевска @gotvime.so.tea, победничка во категоријата „Храна“ на изборот U&Z Influencer Awards.

Солен ролат со спанаќ

Низ нашите страници ќе најдете вкусни гурмански оброци за ладните денови, а ќе ви покажеме како да приготвите и домашни крцкави џимиринки.

Царски ролат
Домашни џимиринки

Украсете го домот во духот на празниците за уште подобро расположение!

Нема да ви дозволиме да ја оставите софрата без нешто слатко! Божествените десерти и кремливите колачи што ги одбравме ќе ве остават без зборови.

Колач со лешник
Чоколадни врвови

Сепак, не заборавајте дека празниците се вртат и околу човечката хуманост. Сигурно ќе ви остане многу храна од сите тие прослави и семејни собири. Наместо да ја фрлите, донирајте им ја на бездомните и гладните. Почнете ја новата година со добро дело!

Ваша Марија Лукаревска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.