Пролетниот гулаш е јадење без конкуренција: За миг ќе исчезне од вашата трпеза!

Летен ручек за паметење

Сите обожаваат млад грашок, а тој е особено вкусен во оваа комбинација!

Состојки:
  • 800 г свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 3 моркова
  • 250 г млад грашок
  • 1 кисело јаболко
  • 200 мл бело вино
  • 1 лажица црвен пипер
  • масло, по потреба
  • сол по вкус
  • бибер по вкус
  • магдонос по желба
Приготвување:

Месото исечкајте го на коцки, посолете го и забиберите го. Откако ќе отстои малку, пропржете го на загреано масло да зарумени од сите страни, па извадете го. Во истата маснотија пропржете го сечканиот кромид додека омекне малку, па додајте ги крукчињата морков.

Сипете вино, динстајте пет минути, вратете го месото и додајте изрендано излупено јаболко, посолете, забиберите и сипете вода за да омекне смесата. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе околу еден час. Пред послужување, посипете сечкан магдонос.

Домашен гурмански оброк: Необичен гулаш со кнедли
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.