Домашен гурмански оброк: Необичен гулаш со кнедли

Неизмерно задоволство

Гулаш на несекојдневен начин

Состојки:
  • 3 главици црвен кромид
  • 4 средни моркови
  • 1/2 помал целер
  • 200 мл доматен сок
  • 1 лажица мелен пипер

За ќофтињата:

  • 400 г мешано мелено месо
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 4 полни лажици лебни трошки
  • 1/2 лажиче мелен пипер

За кнедлите:

  • 2 јајца
  • 100 мл вода
  • 300 г  бело брашно
  • сол
Приготвување:

1. Црвениот кромид и целерот се чистат и се сечат на коцки, а морковите на крукчиња.

2. На масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додаваат целерот и морковот, па сето тоа заедно кратко се пропржува. Потоа се динста, со долевање вода по потреба, додека омекне зеленчукот.

3. Посебно се приготвуваат ќофтињата. Се соединуваат ситно сечениот кромид и лук со меленото месо, јајцето, лебните трошки и пиперот. Се мешаат за да се добие уедначена смеса, а потоа од неа се обликуваат помали ќофтиња. Се пржат на масло да поруменат.

4. Откако ќе омекне зеленчукот во текот на динстањето, во тенџерето се ставаат пржените ќофтиња, се сипува доматниот сок, се додава мелениот пипер и се налева вода да се потопат малку состојките. Откако ќе зоврие се вари уште десетина минути.

5. Посебно се приготвува смесата за кнедлите. Се матат јајцата и водата, па се додава мешавината од белото брашно и сол, па се мати добро, да не останат грутчиња.

6. Една лажица се мака во врелиот гулаш, па се вадат кнедли и се спуштаат во зовриената течност. Се вари на умерена температура уште десетина минути. Се зачинува по желба.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.