Највкусниот десерт: Ролат во обланди

Засладете се!

Овој ролат ќе ве остави без зборови

Состојки:
  • 250 г цели јатки ореви
  • 250 г шеќер
  • 250 г петит кекс
  • 4 јајца
  • 100 г чоколадо
  • 250 г маргарин
  • 3 листа обланди
Приготвување:

1. Се поставува лист од обланда помеѓу две влажни крпи, па се чека да омекне. Истата постапка се повторува со преостанатите обланди.

2. Во тенџере се соединуваат јајцата, шеќерот, маргаринот и чоколадото, па се варат на умерена температура, со непрекинато мешање, додека се растопат сите состојки за да се добие компактна смеса.

3. Откако ќе зоврие смесата, се трга од шпоретот, па во неа се додаваат целите ореви и искршениот кекс, па се меша.

4. На работната масичка се поставува омекнат лист од обланда, па по должината на нејзиниот долен раб се нанесува третина од приготвениот фил и внимателно се мота во ролат. На истиот начин од преостанатиот материјал се обликуваат преостанатите два ролата.

5. Ролатите се виткаат во проѕирна или алуминиумска фолија и се оставаат во замрзнувач да се стегнат.

6. Потоа се вадат од замрзнувачот и додека се уште стегнати се сечат на резанки.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.