Новак Ѓоковиќ секој ден ја јаде оваа житарка: Максимално го зајакнува имунитетот и помага во регулирањето на холестеролот!

Суперхрана

Фото: Getty Images

Оваа житарка ги содржи сите осум аминокиселини што му се потребни на човекот, за разлика од другите житарки кои содржат најмногу три

Нутриционистите нагласуваат дека секој ден на нашата трпеза треба да се најде еден грст житарки. Ваквиот начин на исхрана претставува превенција на срцеви болести, карцином, дијабетес и други тешки хронични заболувања.

За луѓето на кои им пречи глутенот или страдаат од целијакија, како Новак Ѓоковиќ, важно е да одберат житарки што не го содржат. Токму затоа, тенисерот одбира киноа.

Таа содржи повеќе протеини, витамини Б, нутритивни влакна и минерали од многу други житарки.

Важно е да се спомене дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини што му се потребни на човекот, за разлика од другите житарки кои содржат најмногу три. Дури и Обединетите нации ја прифатија киноата како суперхрана.

За да биде уште подобро, киноата не содржи глутен и многу е лесна за варење.

Киноата е всушност псевдожитарка, бидејќи се приготвува, консумира и содржи исти нутритивни вредности како и житарките, но спаѓа во семејството треви.

Киноата е богата со многу минерали, како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, кои се неопходни за правилно функционирање на човечкиот организам.

Покрај минерали, содржи и голема количина на витамини, и тоа витамини Б комплекс и витамин Е. Исто така, содржи и голема количина на влакна, па затоа поволно дејствува на метаболизмот.

Нутриционистка ја открила диетата на Новак Ѓоковиќ: Децата можат да се хранат вака, но само во еден случај!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.