Нутриционистка ја открила диетата на Новак Ѓоковиќ: Децата можат да се хранат вака, но само во еден случај!

Мени

Нутриционистката Борјана Депала раскажала кои се најголемите грешки што ги правиме во исхраната

Јелена Ѓоковиќ предизвикала голема бура со изјавата дека синот Стефан јадел месо првите три години, па сега се храни само со билки, исто како и помалата ќерка Тара. Многу се коментира и исхраната на Новак Ѓоковиќ.

Јелена, меѓу другото, открила и дека станала веганка од мака и од страв од болести, и додала дека нивните деца секогаш имаат избор за оброк, но многумина го осудија тоа.

Нутриционистката Борјана Депало објаснила што сакала Јелена да каже:

„Верувам дека Јелена е исклучително внимателна при балансирањето на исхраната на своите деца, таа веројатно им прави и крвна слика, а тоа е лична карта на организмот. Ако имаме добар феритин, хемоглобин, можеме и без месо. Тогаш можеме да бидеме вегетаријанци и вегани, важно е само крвната слика да е добро“, рекла таа.

Депало открила и дека многумина веруваат во заблудата дека месото ќе му даде на Ѓоковиќ повеќе енергија пред натпревар, но тоа не е точно!

„Ние го вариме месото пет до седум часа, целата енергија мора да се сосредоточи на него. Ако спортист пред натпревар или тренинг, или обичен човек пред некаков напор, изедат храна што се вари пократко, како што се мешунките, побрзо ќе добијат енергија од нив. Шницлата од 200 грама ќе се вари со часови и побавно ќе се добива енергија“, објаснила таа.

Па така, ако сакаме да бидеме долго сити, можеме да јадеме месо, но ако сакаме енергија, потребни ни се мешунки и печурки, кои важат за шумско месо.

Вака изгледа тридневното мени на Новак Ѓоковиќ:

Прв ден

Појадок: Пие голема количина на вода, потоа зема 2 лажици мед, мусли (органски зоб, без глутен, брусници, суво грозје, семки од тиква или сончоглед и бадем).

Меѓуоброк: Крекер без глутен со авокадо и туна.

Ручек: Салата од мешан зелен зеленчук, тестенини без глутен, тиквички, аспарагус, сушен домат, веганско сирење.

Меѓуоброк: Јаболко со путер од индиски ореви; диња.

Вечера: Салата од кељ, морач, киноа и пињоли, инчуни или сардина; супа минестроне; филети од лосос

Втор ден

Појадок: Големи количини на вода, 2 лажици мед, банана со путер од индиски ореви, овошје

Меѓуоброк: Тост без глутен со путер од бадеми и мед.

Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен, црвена пиперка, рукола, индиски ореви, босилек, зачински оцет.

Ужина: Овошје и јаткасти плодови.

Вечера: Салата од туна со боранија, грав, рукола, домат. Супа од домати.

Трет ден

Појадок: Голема количина на вода, 2 лажици мед, овес без глутен со путер од индиски ореви и банана; овошје.

Ужина: Домашен хумус и јаболка.

Ручек: Салата од зелен зеленчук, тестенини без глутен со песто.

Меѓуоброк: Авокадо со крекери без глутен.

Вечера: Свежа салата од зелен листест зеленчук, супа од моркови.

Докторите откриваат: Природата сака да бидеме дебели, но ако сакате да ослабите, еве како е најлесно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.