Докторите откриваат: Природата сака да бидеме дебели, но ако сакате да ослабите, еве како е најлесно!

Одличен совет

Природата ја фаворизира гојазноста, бидејќи подебелите луѓе се повитални, порасположени и покреативни

Организмот сака да бидеме дебели. Постојат милион начини како да наталожиме масти, а ниту еден ефикасен начин да се ослободиме од нив.

Затоа, многу е тешко да се држи диета и постојано сте гладни, незадоволни и депресивни. Многу малку се зборува за тоа. Природата ја фаворизира дебелината. Постојат докази дека оние што се гојазни се многу повитални, барем така велат докторите што направиле и научен труд.

Пред неколку месеци бил објавен научен труд во кој била испитувана смртноста на пациентите што биле оперирано. Се открило дека умерено гојазните луѓе умирале два пати поретко по тешки кардиохируршки операции за разлика од слабите. Тоа е така затоа што природата предвидела да бидеме малку дебели поради терморегулацијата, за да одржуваме добра температура.

„Ако навистина сакате да ги одбегнете штетните ефекти од гојазноста, тоа навистина е лесно. Прво, не внесувајте преголем број на калории. Треба да земате квалитетни калории, протеински појадок, што повеќе овошје и зеленчук, бидејќи многу е тешко да се држат строги диети“, објаснуваат докторите.

Исхраната треба да е нормална во текот на денот, по шест навечер не треба да се јаде ништо, само вода или само незасладен чај. Последниве години многу е популарен дводневниот пост. Тој се состои од тоа што два пати неделно внесувате по 500 калории. Ако се знае дека на човекот му требаат околу 2.000 калории за да функционира нормално, тоа значи дека тие денови исхраната треба да содржи само елементарни намирници: овесна каша, неколку овошки, два пати неделно. Најважно е да се одбегне ефектот на гладување, кога копнеете по храна и одеднаш пукате и го испразнувате фрижидерот, па се прејадувате.

Докторите додаваат и дека деновите кога гладувате, имунолошкиот систем доживува неверојатна стимулација:

„Научно докажано е дека кога ќе изедете нешто, телото ослободува допамин и тоа нè прави задоволни. Проблемот кај луѓето што се гојазни е тоа што внесуваат поголеми количини на храна, која доведува до прекумерна стимулација на желудникот. Тогаш допаминот сè помалку се лачи и тие мораат да јадат сè повеќе и повеќе за да го доживеат тоа задоволство. Тој ефект постојано се намалува и тие мораат да јадат сè повеќе. И во мозокот се создава сè помалку допамин, а прекинува да се лачи и хормонот лептин, таканаречениот хормон за ситост и тие повеќе немаат чувство на задоволство по јадење и повторно се гладни.“

Затоа, не е лошо на крајот од оброкот да изедете некои интегрални житарки, бидејќи научно докажано е постоењето на хормонот ирисин. Токму житарките предизвикуваат синтеза на тој хормон кој го нормализира инсулинот, бидејќи ние сме гладни поради покаченото ниво на инсулин. Па така, добро е на крајот од оброкот да испиеме чаша црно вино и да земеме некои интегрални житарки, заклучуваат експертите.

Ако сакате максимално да го забрзате метаболизмот, само почитувајте ги овие 6 едноставни правила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.