Ако сакате максимално да го забрзате метаболизмот, само почитувајте ги овие 6 едноставни правила!

Совет на експерти

Вака на потполно природен начин ќе почнете да ги разградувате масните наслаги

Од брзината на метаболизмот зависи колку брзо ќе ја вариме храната, но и колку брзо ќе губиме килограми. Нутриционистите велат дека постојат неколку начини на кои може да се забрза неговата работа. Доволно е да ги испочитувате овие правила…

1. Јадете доволно и често

Слушајте го својот организам и јадете онолку колку што ви бара. Мислењето дека намаленото внесување калории гарантира и брзо губење килограми излегло дека не е вистинито. Кога јадеме помалку, губиме мускулна маса, а со самото тоа се блокира работата на метаболизмот. Недоволното внесување храна е еднакво ризично како и претерувањето со јадење. Балансот и здравиот избор се клучот за добар изглед.

2. Зајакнете ја мускулната маса

Дури и кога одморате, телото и понатаму троши калории. Интересно е што повеќе калории се трошат кај оние што имаат повеќе мускули, бидејќи секој килограм мускули користи околу 12 калории во денот.

3. ХИИТ програмите за вежбање се најделотворни

Интервалниот тренинг е најдобриот начин да изгубите килограми и да го забрзате метаболизмот. Едно истражување покажало дека само редовниот тренинг, кој вклучува и ХИИТ програма, им помогнал на жени да изгубат повеќе од 3 килограми и да развијат мускулна маса за само 15 недели, за разлика од жените што изведувале само кардиовежби.

4. Внесувајте доволно протеини

Колку повеќе мускули имате, толку калории ќе губите, што и да правите. Одењето во вежбалница ќе ви помогне во тоа, а протеините од храната ќе ви помогнат да потрошите повеќе калории.

Најдобри протеини за подобрување на работата на метаболизмот се:

  • тврдо варени јајца
  • пилешки гради
  • мисиркино месо
5. Сведете го стресот на минимум

Стресот може да влијае врз побавното согорување калории, според резултатите на истражувањето објавено во магазинот Biological Psychiatry. Освен тоа, кога сме нервозни посегнуваме по нездрава храна, а таа го забавува метаболизмот.

6. Користете витамин Д

Ако постои еден суплемент што сите би требало да го користат, тоа е витаминот Д. Истражувањата покажале дека прекумерната тежина и забавениот метаболизам се во директна врска со дефицит на витамин Д во организмот.

Како редовното вежбање може да помогне во намалување на ризикот од заразување со КОВИД-19?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.