Со помош на само една кујнска крпа направила совршени кадрици: Овој трик ги воодушевил и фризерите! (ВИДЕО)

Секоја жена мора да го знае ова

Ја завиткала косата во крпа и отишла на спиење, а утредента се разбудила со фризер како од салон

Можете слободно да заборавите на пресите и на фигарото за коса, бидејќи најдовме начин да добиете совршени кадрици, без притоа да ја изгорите и оштетите косата. Верувале или не, за кадрици како од салон ви треба само една кујнска крпа.

Постапката е сосема едноставна, а резултатите се феноменални. Најдобро би било оваа техника да ја спроведете пред спиење за да се разбудите со совршена брановидна коса.

Овој начин на стилизирање коса го најдовме на јутјуб-каналот на една фризерка, а за тоа колку се воодушевени жените од оваа техника зборува и фактот што видеото е прегледано повеќе од 20 милиони пати.

Постапката е следна:

Поделете ја косата на два дела, а потоа ставете крпа на темето и зацврстете ја шноличка. Почнете да ја завиткувате косата околу крпата и полека зафаќајте ги сите прамени, додека ја завиткате целата должина. Зацврстете со ластиче, а потоа повторете ја постапката и од другата страна. И двата дела спојте ги со шнола и така преспијте.

Погледнете во видеото како изгледа целата постапка…

Феноменален трик: Направете го ова навечер пред спиење и ќе се разбудите со совршени кадрици! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.