Потпечени пилешки батаци со павлака: Превкусен ручек готов за миг!

Пробајте!

Одлична идеја за топол и вкусен ручек за вашето семејство

Зимата, а особено овој дел од годината е исполнет со дружење со семејството и пријателите. За еден таков собир, ви го предлагаме овој едноставен и превкусен рецепт за ручек.

Состојки:
  • 6 парчиња пилешки батаци
  • 1 лажица сув зачин
  • 200 мл павлака за готвење
  • 1 лажица брашно
  • 100 г кашкавал за пица
  • лист од магдоносот
  • малку сушена мирудија
  • малку бибер и сол
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во плех наредете ги батаците што сте ги засекле малку на деловите каде што месото е најдебело.

Посипете ги со сув зачин, па прелејте ги со чаша вода и ставете ги во рерна. По 30 минути превртете ги батаците и вратете ги да се печат. Уште еднаш превртете ги по 15 минути и оставете ги уште 15 минути да се потпечат одозгора.

Потоа, извадете го плехот од рерна, па извадете ги батаците од плехот. Во павлаката додајте рендан кашкавал, полна лажица брашно, лист од магдонос, мирудија и бибер по вкус. Изматете, па додајте чаша вода, повторно измешајте и сипете ја смесата во плехот каде што се печеле батаците. Не ја истурајте водата од батаците во плехот.

Сето тоа измешајте го во плехот со лажица, па проверете ја густината на сосот. Ако ви одговара густината, тогаш сипете уште половина чаша вода, измешајте и вратете ги батаците во плехот во сосот, но со потпечената страна нагоре. Доколку сосот ви е поредок одошто сакате, немојте да додавате вода. Сметајте на тоа дека плехот повторно ќе оди во рерна и дека ќе испари малку вода од сосот.

Вратете го уште 20-тина минути во рерна сето тоа заедно да прокрчка, за да се соединат вкусовите.

Добар апетит!

Сочно и крцкаво: Похувани маринирани батаци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.