Најпопуларните облици на нокти: Водич за трендови на маникир
Најпопуларните облици на нокти денес одат од крајност во крајност, па сè се сведува на: кој што сака, тоа нека прави.
Ни се чини дека секој пат кога влегуваме во салон за маникир, како да влегуваме во битка. Во зависност од обликот и должината на ноктите, мислиме дека ќе бидеме ограничени по избор, но секојпат сме измамени.
Нијанси, форми, додатоци, украси… Има толку многу избори во светот на ноктите што честопати се сомневаме. Во продолжение, ќе се обидеме да ви го олесниме следниот маникир.
Најпопуларните форми на нокти
Бадем
View this post on Instagram
Бадемовата форма на ноктите оваа сезона е апсолутен хит. Тоа е овална форма со помек врв, и најдобро одговара на ноктите со средна должина. Она што советуваат експертите за нокти е да користите неутрални бои за да му дадете друга димензија на обликот.
Квадратни нокти
View this post on Instagram
Изгледаат точно како што звучат, и беа многу популарни во последните сезони. Тие се најпогодни за пократки нокти, а кога станува збор за нијансите, се препорачуваат потемни бои.
Овални нокти
View this post on Instagram
Тркалезни нокти со агли се класична форма која одговара на сите должини на ноктите. Се препорачува класичен француски маникир или минималистички украси за нокти.
Тркалезни нотки
View this post on Instagram
Тркалезни нокти со заоблени рабови најдобро се вклопуваат со кратки нокти, и одлично одат со светли бои, како тиркизна.
Сандак
View this post on Instagram
Тоа е правоаголна форма со остри рабови. Оваа форма се препорачува за подолги нокти, а кога станува збор за боите, одберете посветли нијанси. Тешките бои и многу украси можат да ги направат таквите нокти премногу агресивни.
Балерина
View this post on Instagram
Слично на сандак, но со повеќе заоблени рабови, балерина-маникирот најдобро одговара на подолги нокти. Кога станува збор за боите, на овие нокти одговара сè, но се препорачуваат розови нијанси.
Стилето
View this post on Instagram
Зашилените нокти се исто така многу популарни, особено во светот на славните личности. Овој драматичен изглед најдобро одговара на долги нокти, и секоја боја им прилега.
Природни нокти
View this post on Instagram
И конечно, како што природниот изглед се враќа во мода, така се враќаат и природните нокти. Овој тип на маникир најдобро одговара на пократки нокти, а се препорачуваат неутрални и голи нијанси.
Прочитајте и: Голем број луѓе ставаат аспирин на акните – за што станува збор?
ФОТО: Instagram