Полнето пиле за 5 лица

Незаменлив вкус

Приготвување: 70 минути, печење: 120 минути

Полнето, печено, крцкаво, вкусно пиле… Вистински рај за љубителите на овој тип месо! Ви претставуваме рецепт на кој нема да му одолеете.

Ризотото што ќе преостане од полнењето на пилето може да се искористи како прилог.

Состојки: • 1 пиле од 1,5-1,8 кг • 1 поголема главица кромид • 2 моркова • 2 стебленца целер • 120 г ориз • 500 мл пилешка супа • 40 г пармезан • црн пипер • сол • масло

За прилогот: • 1 помала брокула • 1 помал карфиол • 3 моркови

Приготвување:

  1. Кромидот се чисти и се сече на коцки, морковите и стебленцата целер се лупат, па и тие се сечат на коцки.
  2. На малку масло се пржи кромидот, а потоа се додаваат морковите и стебленцата целер, па и тие кратко се пржат.
  3. Се става оризот, па понатаму се динста, постепено долевајќи по малку пилешка супа, додека набабри оризот. Се додава пармезанот, се посолува и запиперува по желба.
  4. Пилето се полни со приготвеното ризото, па отворот се прекрива со кожичка и се прицврстува со чепкалки.
  5. Тепсијата се обложува со хартија за печење и се прска со масло. Се става полнетото пиле и се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени.
  6. Карфиолот и брокулата се чистат од коренот и надворешните листови и се кинат на цветови, морковите се лупат и се сечат на крукчиња. Зеленчукот се обарува на пареа и се послужува како прилог со печеното пиле.

А сега одиме чекор по чекор, и тоа низ слики!

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.