Полнети листови праз: Пригответе ручек за паметење

Солен деликатес

Еднаш кога ќе го пробате, постојано ќе го приготвувате

Состојки:
  • 2 подебели стебла праз
  • 400 г мелено јунешко месо
  • 40 г мали тестенини – тарана
  • 200 мл доматен сок
  • бибер
  • сол
  • масло

За преливот:

  • 200 мл доматен сок
  • 150 мл говедска супа во коцки

Приготвување:

1. Се чистат стеблата праз, се сечат наполу, а потоа се сечат вертикално и внимателно се одвојуваат листовите.

2. Во тенџере се става 2 литра вода и се вари додека зоврие. Се додаваат листовите праз и се варат додека омекнат. Се цеди вишокот течност и се оставаат да се оладат.

3. Преостанатата внатрешност од празот, која остана по одвојувањето на широките листови, се сечка на коцки.

4. На малку масло се пржи празот исечкан на коцки, а потоа се додава меленото говедско месо и се пржи, со непрекинато мешање, додека ја промени бојата. Се продолжува со варење, додавајќи малку доматен сок, околу 15 минути. Се додаваат тараната, сол и бибер, па се вари со мешање додека набабрат тестенините.

5. На секој лист праз се става по една лажица од филот со месо, се преклопува во триаголник од левата, а потоа од десната страна и се повторува постапката на превиткување до крајот на листот праз. Преостанатите листови се полнат на истиот начин.

6. Пакетчињата праз се ставаат во огноотпорен сад, се прелеваат со мешавината од супа и доматен сок, па се печат во рерна.

Извор: Добра храна

Неодоливата азиска кујна: Пробајте пилешко месо приготвено на кинески начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.