Неодоливата азиска кујна: Пробајте пилешко месо приготвено на кинески начин!

Вкусно!

Кинеското пилешко месо ќе ве воодушеви

Состојки:
  • 600 г пилешко бело месо
  • 1/2 шолја од 200 мл екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1/2 шолја од 200 мл густин
  • бибер
  • масло за пржење
  • сол

За сосот:

  • 3 лажици масло
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици мед
  • 70 мл соја-сос
  • 60 г кечап
  • 1 лажица доматно пире
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 2 лажичиња густин
  • малку вода по потреба
  • 1 праз
  • 2 лажици сусам

Приготвување:

1. Пилешкото месо се сечка на коцки 2 х 2 см, се додаваат сол и бибер.

2. Во сад се комбинираат густинот и екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, а потоа се додава пилешкото месо и се промешува да се залепи смесата за месото.

3. На врело масло се пржи похуваното пилешко месо, додека зарумени. Се вади со шуплива лажица и се става на хартиена салфетка да се впие вишокот маснотија.

4. Посебно се комбинираат сосот од соја, медот, кечапот, доматното пире, јаболковиот оцет и густинот во тава и се меша со жица да се добие еднолична смеса. Се додава изренданиот лук и сето тоа заедно кратко се пржи. Се става малку вода (100 – 150 мл) и се вари додека зоврие.

5. Се додава пилешкото месо и се промешува, на крајот се додава празот исечкан на коцки и повторно се промешува.

6. Готовото јадење се посипува со сусам.

Извор: Добра храна

Неодоливо пилешко месо во сос: Пригответе го омилениот ручек на целото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.