Подгответе вкусен тарт од кајсија

Започна сезоната на кајсии и зошто да не го искористиме ова вкусно овошје за да подготвиме лесни и вкусни десерти.

Ви предлагаме да пробате тарт од кајсија, кој е многу лесна за подготовка и кој ќе ве маѓепса со својот вкус.

Потребни состојки: 

  • Брашно – 160 гр;
  • Путер – 80 гр;
  • Шеќер – 50 гр;
  • Јајце – 2 парчиња;
  • Сол – 2 гр.

Измешајте ги сите состојки додека смесата не се изедначи. Тестото развлечете го во круг со дебелина од 2 мм, префрлете го во калап и ставете го во фрижидер.

Фил:

  • Крем сирење – 300 гр;
  • Слатка павлака 33% маснотии – 100 гр;
  • Шеќер – 80 гр;
  • Јајце – 3.

Комбинирајте ги сите состојки во еден сад и добро измешајте ги со жица за матење. Истурете го готовиот фил во калап со тесто и ставете го во загреана рерна на температура од 170 степени за 25 минути. Ставете ги сецканите кајсии на готовиот и оладен тарт.

Прочитајте и: Слатки печива: Панделки со јогурт што ќе ве засладат и заситат!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.