Слатки печива: Панделки со јогурт што ќе ве засладат и заситат!

Добра храна

Вашите домашни ќе ги обожаваат!

Состојки:
  • 500 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 100 мл млеко
  • 150 г овошен јогурт од праска
  • 50 г шеќер
  • 1 јајце
  • 70 мл масло
  • 25 г свеж квасец

Други состојки:

  • 1 јајце
  • кафен шеќер

Приготвување:

1. Во млакото млеко се додаваат издробениот квасец и по едно лажиче шеќер и екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Се покрива со сува крпа и се остава на топло, да нарасне.

2. Во сад се меша половина одекстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со преостанатиотшеќер, а потоа се додаваат преостанатиот квасец, јогуртот, јајцето и маслото. Добро се меша, а потоа постепено се додава преостанатотоекстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ и се меси со рака, додека се добие мазно тесто. Замесеното тесто се остава на топло место, да нарасне.

3. Тестото се сука со сукало во правоаголна кора, со дебелина од 3 мм. Со тркалезен калап, соразмер од 10 см,се вадат кругови од тестото.

4.  Секој круг се засекува на шест триаголници и еднапомала лента. Прво се обликува еден делод панделката од трите триаголници од едната страна налентата: средниот триаголник се превиткува кон средината, па двата до него се приближуваат, па превитканиот триаголник се враќа во првобитната положба, така што ќе биде поставен над двата долни, споени триаголници. Од преостанатите три триаголници што се пружаат од другата страна на лентата се прави истата постапка за да се обликува другиот дел од панделката. Потоа оставената лента се обвиткува по средината. На истиот начин од преостанатите кругови се обликуваат уште панделки.

5. Панделките се редат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со јајце и се посипуваат со шеќер. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Слаткарски трикови: Научете како да го приготвите ориенталниот класик – баклава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.