Слаткарски трикови: Научете како да го приготвите ориенталниот класик – баклава!

Пробајте!

Држете се до традиционалниот рецепт за сочна баклава со ореви, но испробајте и необични варијации на зададената тема!

Баклава

за 12 лица

приготвување: 30 мин.

печење: 40 мин.

Состојки:
  • 500 г тенки кори за пита
  • 250 г мелени ореви
  • 250 г ореви на парчиња
  • 3 лажици лебни трошки
  • 230 мл масло
  • 130 г путер

За сирупот:

  • 800 мл вода
  • 800 г шеќер
  • сок од 1/2 лимон
  • малку кора од лимон

Приготвување:

1. Прво се приготвува сирупот. Во тенџере се мешаат водата, шеќерот и измиената кора од лимон, па се варат на умерена температура, додека се растопи шеќерот. Пред крајот на варењето, се вади кората од лимон и се става сокот од 1/2 лимон. Се трга од огнот и се остава да се олади.

2. Плех со димензии 20 х 30 см се премачкува сомасло. Корите се сечат колку големината на плехот.

3. Во блендер се ситнат 250 г ореви, така што ќе се добијат ситно сечкани парчиња. Во сад се мешаат мелените и ситно сечканите ореви, како и лебните трошки.

4. Со помош на кујнска четка, две кори се премачкуваат со масло, па се редат една преку друга и се редат во плехот. Се преклопуваат со трета кора, па се посипува со неколку лажици од мешавината од ореви и лебни трошки. Понатаму постапката на полнење се повторува на истиот начин (две празни намрсени кори, па третата се посипува со мешавина), се завршува со 2 намрсени кори.

5. Баклавата се сече дијагонално на ромбови. Во тенџере се топи 130 мл масло и путер, па смесатасе прелева преку баклавата.

6. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 40 минути, додека зарумени. Готовата баклава се вади одрерната, па додека е врела се прелева со оладениот сируп. Откако корите ќе го впијат сирупот, баклавата се прекрива со хартија за печење и врз неа се става потежок предмет. Се остава на ладно да се зацврсти.

СОВЕТ: Може и ладна баклава да прелеете со врел сируп, за да постигнете ист ефект

Ви ги предлагаме и следниве варијации на класичната баклава, кои се исто толку вкусни!

Цигара-баклава со ф’стаци

Не е доволно да се каже дека овој деликатес изгледа атрактивно – колоритот го прави особено привлечен, а вкусот е без конкуренција. Не е тешко да се зготви –соединете 2 тенки кори, па обилно посипете ги со мелени ф’стаци, завиткајте ги во ролат и ставете ги во плех. На истиот начин пригответе доволно ролати да се наполни плехот. Потоа пресечете ги на помали ролати, премачкајте ги со масло и испечете ги. Кога ќе бидат готови, прелејте ги со сируп од шеќер, вода и лимон.

Баклава торта

Љубителите на торти и баклави, оваа комбинација ја сметаат за неприкосновена – спојот на сочен, мек бисквит, ореви и крем од путер навистина е посебен. Неколку дена претходно испечете во плех тркалезна баклава. Потоа направете 2 омилени бисквитни кори со мед и ореви, како и крем сопутер и со мед и цимет. Наредете ги корите така што баклавата ќе биде во средината, спојувајќи ги со приготвениот крем одпутер. Ќе уживате во дегустацијата.

Баклава чизкејк

Испробајте необичен десерт. Еден ден претходно пригответе ја баклавата. Потоа иситнете 225 г ореви, 130 г шеќер и 2 лажици путер. Смесата ставете ја на дното натркалезен калап, па печете на 180°Ц, десетина минути. На работ на плехот распоредете помали парчиња баклава. Помешајте 250 г крем-сирење, 250 г маскарпоне, 120 г шеќер, 3 јајца, 1 лажица екстракт од ванила и прстофат сол. Додајте ја смесата во плехот, па печете на 150°Ц, околу еден час и 20 минути.

Извор: Добра храна

Баклава со вишни: Сочна и освежувачка, ќе ве освои за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.