Баклава со вишни: Сочна и освежувачка, ќе ве освои за миг!

Фантазија од вкусови

Засладете си ја неделата со божествен и сочен десерт

Состојки:
  • 1/2 кг тенки кори
  • 4 јајца
  • 350 г шеќер
  • 200 мл масло
  • 150 г презла
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 300 г вишни од компот
  • 200 мл вода
  • 1 ванилин шеќер
Приготвување:
  • Изматете ги јајцата, маслото и половина од количина шеќер, па додајте ги презлата и прашокот за печиво.
  • На дното од плех за печење со димензии 40х25 цм наредете четвртина од корите, па премачкајте ги со половина од смесата од јајца и ставете дел од вишните, па покријте со кора.
  • Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите состојки, на врвот треба да завршите со кора.
  • Печете на 185 степени Целзиусови околу 45 минути, додека горната кора добие златножолта боја и стане крцкава.
  • Сварете шеќер, ванилин шеќер и вода, па прелејта ја печената баклава.
Традиционален рецепт: Бугарска баклава на старински начин
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.