Оброк преполн со витамини: Сармичките од кељ и варен компир се највкусниот ручек за целото семејство!

Пробајте!

Рецептот е многу едноставен, а ако сакате да ја забрзате подготовката, одредени елементи од јадењето можете да ги приготвите однапред

Ви предлагаме сармичките да ги послужите со варен компир зачинет со малку маслиново масло и магдонос. Рецептот е вегански и без глутен. Наведените количини се за 4 порции.

Состојки:
  • 12-14 листови кељ со средна главица
  • 170 г хељда во зрно
  • 1 црвен кромид
  • 2 помали моркова
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло (за динстање) + 2 лажици (за 250 мл сос)
  • 150 мл вода (можете да ја користите водата во која сте го бланширале кељот) и повеќе по потреба
  • 50 мл црно вино (можете да го замените со бујон или вода)
  • 1/2 лажиче сол, 1 лажица соја-сос, 1 лажица чадена пиперка, лавров лист
Приготвување:

Во поголем лонец загрејте вода до вриење, па посолете ја и додајте ги листовите кељ, потопете ги и варете ги околу 3 минути да омекнат. По варењето, веднаш извадете ги во сад со ладна вода, па исцедете ги и оставете ги на страна додека го приготвувате филот.

Измијте ја хељдата, па ставете ја да се вари во лонец со двојно повеќе вода. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата, посолете и продолжете да варите 5 минути.

Во тавче загрејте маслиново масло, па додајте ситно сечкан кромид, морков, лук и зачини и динстајте со мешање неколку минути. Додајте вино, состојките за сосот и вода, додајте ја хељдата и загревајте на тивок оган уште 15-тина минути со мешање, додавајќи по потреба уште вода.

Загрејте ја рерната на 180 степени и помал сад за печење премачкајте со маслиново масло.

Земете поголема чинија или штица, па раширете и израмнете лист од кељ, а долниот дел од стеблото исечете го (за да не ви пречи при виткањето сармички). На долниот дел од листот во средина ставете полна лажица од филот од хељда, па преклопете го од левата и десната страна и завиткајте го. Потоа, префрлете го во садот за печење. Продолжете го истото со преостанатите листови кељ, редејќи ги сармите една до друга.

Печете 15-тина минути на 180 степени, па пред крајот вклучете ја опцијата за печење одозгора за да добијат сармичките малку боја. Послужете ги со варен компир зачинет со маслиново масло и магдонос или со некој друг прилог.

Добар апетит!

Вкусен ручек за појак имунитет: Изненадете ги домашните со сарма со зобни снегулки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.