Вкусен ручек за појак имунитет: Изненадете ги домашните со сарма со зобни снегулки!

Добра храна

Оваа сарма освен што е вкусна, многу е и здрава

Состојки:
  • 1 среден страк праз
  • 2 средни моркова
  • 150 г ориз
  • 150 г зобни снегулки
  • 250 мл доматен сок
  • 1 поголема главица кисела зелка
  • 1 лажица буковец
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Празот се чисти и се сечка на коцки, морковите се лупат и крупно се рендаат.

2. На малку масло се пржи празот, а потоа се додаваат морковите, па и тие кратко се пржат.

3. Се додава оризот и се пржи, со непрекинато мешање, додека стане стаклест. Се додаваат зобните снегулки и се става доматниот сок, па понатаму се динста на умерена температура, додека оризот набабри, а снегулките омекнат. Во текот на динстањето се додава вода по потреба.

4. Пред крајот на динстањето се додава буковецот, се посолува и запиперува по желба.

5. Листовите од киселата зелка се одвојуваат од коренот, се мијат и се сечат задебелувањата по средината на секој лист.

6. На секој лист од зелката се нанесува една лажица од приготвениот фил и се обликуваат сарми.

7. Се намрсува тенџере, па дното се прекрива со неколку листа од зелката. Преку нив се распоредуваат сармичките и одозгора се прекриваат со листови од зелката. Се прелева со вода, да пливаат сармичките, и се вари на умерена температура, да не омекнат листовите од зелката.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.