Неодолив појадок од тавче, готов за 10 минути: Омилениот утрински оброк за целото семејство!

Мора да го пробате!

Ќе го обожава целото семејство

Според советите на нутриционистите, појадокот никако не смее да се прескокнува. По овој рецепт, повеќе нема да имате изговор да не успеете да си направите оброк наутро. За само 10 минути ќе имате готово јадење, не само за вас, туку за целото семејство!

Состојки:
  • 4 тортилји
  • 3 јајца
  • сол, бибер
  • 100 г шунка
  • 120 г кашкавал
  • 1 домат
  • путер за подмачкување
Приготвување:

Подмачкајте го тавчето со путер. Посолете ги јајцата и додајте бибер по вкус, па изматете ги. Сипете половина од јајцата во тавче. Одозгора ставете ја првата торилја, на неа наредете шунка и рендан кашкавал, а потоа втората торилја, домат и кашкавал. Врз тоа ставете ја третата тортилја, шунка и повторно кашкавал, а на врвот оди четвртата тортилја.

Преостанатите јајца распоредете ги на врвот, поклопете и ставете ги на рингла на ниска температура. По пет минути, превртете ги тортилјите и повторно поклопете, па пржете уште пет минути.

Добар апетит!

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.