Правела деца со телохранители и циркузанти: Непризнатата ќерка на дивата наследничка на Монако денес е вистинска убавица!

Камила Готлиб

Камила Готлиб, внуката на славната Грејс Кели, го прославила 24-тиот роденден

Камила Готлиб, внуката на Грејс Кели, за својата роденденска прослава приредила несекојдневна забава – темата била каубои, додека насекаде преовладувала розовата боја.

На социјалните мрежи покажала како си поминала, а на една од фотографиите позирала со каубојски шешир, додека околу неа имало балони во розова боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camilloush (@camillerosegottlieb)

Камила ѝ е ќерка на дивата наследничка Стефани од Монако, која воедно е и последното дете на кнезот Рени Трети од Монако и Грејс Кели, славната актерка, која кога се омажила за Рени Трети станала кнегиња на Монако, по што ја напуштила актерската кариера.

Стефани од Монако ја добила ќерката Камила со поранешниот чувар на палатата Жан Рејмон Готлиб, за кого се претпоставува дека бил шеф на обезбедувањето на принцезата кога ја започнале врската.

Иако Камила го носи неговото презиме, неговото име не е запишано во нејзиниот извод од матичната книга на родените, а мајка ѝ Стефани никогаш јавно не потврдила дали Готлиб ѝ е татко.

Меѓутоа, Камила го означила како свој татко во роденденската објава објавена на Инстаграм во 2017 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camilloush (@camillerosegottlieb)

Со оглед на тоа што Стефани и Готлиб никогаш не се венчале, Камила не е во линијата за наследување на монашкиот престол,  за разлика од двете постари деца на Стефани, Луис (29) и Паулина (28), кои ги има со првиот сопруг, телохранителот Даниел Дукре.

Камила Готлиб се занимава со хуманитарна работа, а многу е активна и на социјалните мрежи, каде што ја следат повеќе од 89.000 луѓе. На својот профил често споделува секојдневни моменти од својот живот и луксузот што ја опкружува, со оглед на тоа што редовно патува и престојува во најскапите хотели и носи облека од најпознатите светски брендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camilloush (@camillerosegottlieb)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.