Ја нарекувале наказа, а сега сите сакаат да бидат како неа: По несреќите, злоупотребите и силувањето, ги дочека своите 5 минути!

Леди Гага

Леди Гага на сите им докажа дека е актерка достојна за Оскар, кога во филмот „Куќата на Гучи“ ја одигра една од главните улоги

Многумина коментираа дека Леди Гага го спасила филмот „Куќата на Гучи“ со својата феноменална изведба на ликот на Патриција Реџани.

Сега го очекуваме нејзиниот следен перформанс, бидејќи најавено е дека ќе глуми во филмот за Џокер, и тоа во улогата на Харли Квин.

 Но да се потсетиме која е Леди Гага?

Стефани Џоан Анџелина Џерманота е целосното име на Леди Гага, која ја познаваме по неверојатниот музички талент. Но додека била тинејџерка, Гага била несфатена од страна на своите врсници.

„Почнав да свирам пијано на четири години. Многумина им велеа на моите родители дека сум чудо од дете, бидејќи извонредно ги изведував најтешките композиции на Бах, Бетовен и Шопен, но тие не веруваа во тоа. Мислеа дека нешто не е во ред со мене и дека сум чудна, бидејќи никогаш не ми беше интересно да поминувам време со другите деца. Бев тивка, повлечена, едно време дури и ме носеа на детски психолог за да видат што се случува со мене. По една година, сфатија дека подобро е да ме остават на мира и да си ја гледаат својата работа, бидејќи можев сè сама“, изјавила Леди Гага.

Но проблемите продолжиле кога тргнала во средно училиште каде што се соочувала со различни видови на психичко насилство. Во тоа време, на Фејсбук била направена групата „Стефани, никогаш нема да бидеш ѕвезда.“

„Не сакам да му се навраќам на минатото, бидејќи сметам дека тоа е губење време. Проживеав ужасни денови како тинејџерка, бидејќи прекуноќ се соочив со најстрашната форма на психичка злоупотреба која ми ја приредија децата во средно училиште. Отсекогаш бев поинаква и не се вклопував во рамките. Имав неколку пријатели и обожавав музика. Сигурна сум дека многу млади луѓе поминувале низ сличен пекол, но молчеле за тоа, бидејќи им било срам. Поради мојата различност, на само 15 години паднав во длабока депресија“, раскажала пејачката во едно интервју со Опра, каде што открила и дека била силувана на 19 години.

„Ме плукаа и ми велеа дека смрдам, дека сум наказа, грешка на природата… Се затворав дома и непрекинато свирев по седум часа за да ја исфрлам од себе сета негативна енергија, но и омразата што ја чувствував кон другите. Ужасно е кога мразите некого, а јас го мразев целиот свет. Денес ми е жал поради тоа“, рекла таа еднаш.

А потоа, на неполни 19 години го запознала продуцентот Роб Фусари, кого го воодушевила и кратко потоа, потпишала договор за продукциската куќа Def Jam. Ја снимила песната Boys, boys boys, популарноста почнала да ѝ расте со неверојатна брзина, а сè останато е историја.

Официјално е: Лејди Гага ќе глуми во „Џокер 2“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.