Многумина не ја сакаат, но таа е превкусна: Боранија со павлака

Пробајте!

Боранијата е здрава и вкусна, иако не е баш омилена храна, особено за децата. Со овој рецепт, дури и оние што не го сакаат – ќе им се допадне.

Состојки:

  • 1 килограм боранија
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 пашканат
  • 1 парче целер
  • 2 домати
  • 4 јајца
  • 400 милилитри неутрална павлака
  • свеж копар, сол, бибер, магдонос или зачини по вкус

Прочитајте и: Универзално тесто за кифлички: Солени или слатки, изборот е ваш!

Приготвување:

Добро измијте и исчистете ја боранијата. Исецкајте го кромидот што е можно поситно. Излупете ги морковот, пашканатот и целерот и исечете ги на коцки. Истото направете го и со доматите.

Пржете го кромидот со малку масло, додадете го и останатиот зеленчук заедно со боранијата, додадете чаша вода и гответе заедно мешајќи ги состојките. Постепено додавајте вода и тргнете ја тавата од оганот кога зелечукот ќе омекне.

Пренесете сè на подмачкана тава и распоредете рамномерно.

Тестенини со спанаќ и грашок: Совршен оброк готов за 10 минути!

Изматете ги јајцата, па додадете им ја павлаката и зачините и добро промешајте додека не се соединат. Со оваа смеса прелијте го зеленчукот така што сè добро се апсорбира.

Ставете во рерна на 200 степени околу половина час, но сето тоа зависи од јачината на вашата рерна. Ќе знаете дека е готово кога ќе се зарумени. Сервирајте додека е топло, гарнирајте со магдонос.

Пријатно јадење!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.