Како да се спречите да не го допирате лицето со рацете

Бидете внимателни

Студиите покажаа дека во рок од еден час најмалку 25 пати го допираме лицето со рацете. Ова секако не е здраво, а особено во овој период кога треба да бидеме внимателни.

Иако на граѓаните им се советува да ги мијат рацете често и да избегнуваат допирање на очите, носот и устата за да ја спречат можноста од зараза, повеќето луѓе го прават тоа, дури и без да бидат свесни. Поради оваа причина, експертите ги препорачуваат следниве начини да ги забавувате рацете и да не го допирате лицето:

Пронајдете нова „занимација“ да не го допирате лицето

Кога се обидувате да се ослободите од лошата навика, експертите советуваат дека е најдобро да се замени со некое ново однесување. Кога имате потреба да го допрете лицето, наместо тоа, допрете ја раката или почешајте ја раката. Лошите навики се излечени со избирање на ново однесување слично на првобитното, но кое нè оддалечува од оригиналното однесување.

Не си повторувајте дека не треба да го допирате лицето

Најлошото нешто што можете да направите е да си повторувате дека не смеете да го допирате лицето. Ова само ќе ја зголеми вашата желба да го сторите тоа. Наместо тоа, експертите предлагаат да сја препознавате вашата потреба и да ги забележите моментите каога најчесто го допирате лицето. На пример, кога разговарате на мобилен телефон, читате или гледате телевизија.

Во такви моменти вежбајте ја заменската навика. Ако го допирате лицето поради сува или проблематична кожа, побарајте помош од дерматолог.

Ангажирајте ги рацете

Ако имате честа потреба да го допирате лицето, ангажирајте ги рацете во некоја друга активност. Добар избор се антистрес топчињата. Но, имајте на ум дека треба да бидете внимателни каде ги чувате овие предмети и дека треба често да ги дезинфицирате. Инаку, вашиот напор е залуден.

Прочитајте и: Коронавирус: Што да правите ако сте пушач, имате астма, дијабетес или висок притисок!

Измамете го мозокот

Постојат неколку трикови што можете да ги користите за да го измамите мозокот. Луѓето кои ги гризат ноктите, честопати ги мијат рацете со сапун чиј мирис не им одговара, со што се намалува можноста за повторување на истата акција. Кога станува збор за жените, тие користат лакови за нокти со непријатен мирис за да избегнат гризење на ноктите. Понекогаш мрсните креми за раце или фластер на прстот ќе ве оддалечат од оваа лоша навика. Меѓутоа, ако навистина треба да го допрете лицето, пред тоа темелно измијте ги рацете со сапун и топла вода, темелно исушете ги, а потоа земете чиста марамче и со него допрете го лицето.

Намалете ја употребата на контактните леќи

Иако повеќето луѓе кои носат леќи знаат дека мораат да ги мијат рацете пред и откако ќе ги стават леќите, има многу што забораваат на тоа. Уште повеќе се оние кои несвесно го тријат пределот околу очите во текот на денот заради сувост. Бидејќи леќите можат да ги иритираат очите, можеби е најдобро во овие периоди да носите очила.

Коронавирус или алергија: Еве како да направите разлика!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.